Утрински Весник
Балкан

Правен хаос на Аеродромот Сараево: Управата на претпријатието остана без раководство

20251206124654 big 730x400 4.webp.webp

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се најде во правен вакуум, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ (ФБиХ) му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја врши функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, јави порталот Истрага (Istraga.ba).

Исто така, на тројца од петте членови на Надзорниот одбор на Аеродромот им беше забрането да вршат должност, поради што тоа управувачко тело нема кворум за одржување седница и евентуално именување нови вршители на должност.

Вчера, Врховниот суд на ФБиХ, на предлог на ПОСКОК (специјален истражен тим), изрече мерки за забрана за вршење должност на в.д. директорот Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор: Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ.

Истиот ден, Владата на ФБиХ донесе одлука за давање претходна согласност за продолжување на мандатот на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Меѓутоа, бидејќи на Рамезиќ му беше изречена забрана за вршење должност, тој не може да биде назначен. Дополнително, Владата даде само „претходна согласност“, а за именување на в.д. директори е потребна седница на Надзорниот одбор. Бидејќи Надзорниот одбор нема кворум за работа, не може да се именува ново раководство.

Истрагата на ПОСКОК утврди дека постои основано сомнение дека тројца членови на Надзорниот одбор и в.д. директорот Санин Рамезиќ ја злоупотребиле положбата со цел да ги приспособат условите во Статутот на претпријатието, за да му овозможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Иако Владата на ФБиХ се обиде да го продолжи мандатот на в.д. раководството, одлуката на Врховниот суд, донесена истиот ден, го спречи Надзорниот одбор да го спроведе тоа, оставајќи го Аеродромот без легитимна управа. 

Можете да прочитате

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Трочлено семејство пронајдено мртво во куќа во Чачак

Бугарската опозиција поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Росен Жељазков