Утрински Весник
Македонија

Пратките отсега ќе можете да си ги подигнувате самите од пакетомати

02.jpg
Dik 300x250 mk

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.

Се работи за воведување на паметни автоматозирани пакетомати, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот кој би пристигнал на вашиот мобилен телефон.


Решението во земјава го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детална анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постоечкиот систем за достава.

„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.

Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.

Можете да прочитате

Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство

Во октомври трошоците за живот на граѓаните се повисоки за 467 денари во однос на месец септември

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна