Утрински Весник
Македонија

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата како солидарност за семејствата на загинатите во Кочани

Levica.webp.webp

Соопштение за јавност на Левица:

Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, информираме дека пратениците на Левица ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата. Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените.


Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка оттуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност.

Сепак, оваа донација не ја менува реалноста – државата мора да има социјално проактивна влада и функционално Собрание, кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна. Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции