Утрински Весник
Македонија

Пратеници од СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони за да се спречи зголемувањето на платите на функционерите

D0b7d0b0 D0bfd0b5d182 D0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8 D181d0b4d181d0bc D0b8d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b8 75 D0b4d0b5d182d181d0bad0b8 D0b3d180d0b0 63cd8cafe1830.png

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција соопшти дека измени на шест закони ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите а ќе бидат опфатени околу 1. 060 именувани и избрани лица.

-Пратениците на СДСМ и Коалицијата поднесоа измени на шест закони – Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за платите на судиите, Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Судски совет, сите по скратена постапка.

Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение.

Потенцирам пратеници, министри, градоначалници, директори, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1. 060 лица се опфатени со овие законски измени.

За нив нема да има зголемување на платите, рече Костовски. Додаде дека коефициентите на платите на избраните и именуваните функционери засега остануваат на исто ниво.

-Да, испишањето на коефициентите би останало на исто ниво.

Моментално, со овие измени, остануваме на истите плати, меѓутоа во поглед на тоа да бидеме во согласност со одредбите на Уставот на државата и со сите закони.

Во Законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: „коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3,4 до 3,92, а биле од 3,5 до 4,1“.

И неслучајно почнувам со пратениците, бидејќи не е фер секогаш ние како пратеници да сме на удар на јавноста,  а од друга страна станува збор за 120 пратеници, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е 1.060.

Направено е да не има драстично зголемување, бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со проценки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување околу 15,3 проценти.

Ние како одговорни политичари на СДСМ, нема да го дозволиме, истакна Костовски. Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата очекуваат поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

-Сите да покажеме солидарност и да ги поддржиме овие законски измени, а парите наместо за поголеми плати на функционерите, да завршат кај граѓаните, рече пратеникот Костовски. 

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово