Утрински Весник
Балкан

Пратеници од албанската опозиција запалија кукли со ликот на Рама

20241003185333.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Парламентот на Албанија, каде палеа кукли со ликот на политичари и се судрија со обезбедувањето, откако еден нивни колега беше осуден на затворска казна за клевета.

Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница на Собранието, се обидоа да го блокираат влезот на нивните колеги од владејачката Социјалистичка партија.

Тие протестираа поради затворањето на Ервин Салијани, кој во 2018 година побарал оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувањата дека братот на министерот се занимавал со незаконски активности, кои подоцна се покажале како невистинити.

Пратениците ги запалиле куклите со ликовите на премиерот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Фатмир Џафаи и уште двајца политичари.

Откако не успеаја да влезат во салата, пратениците од опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја заклучија седницата, пренесе АП.

Демократите долго време го обвинуваат Рама за злоупотреба на власта, вклучително и во судството. Протести се организираат од 2013 година.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес