Утрински Весник
Македонија

Пратенички прашања во законодавниот дом

Sobranie 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања.

Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.


На последната седница за пратенички прашања одржана во мај, пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Фатмир Битиќи и  пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, го повикаа претседателот на Собранието Африм Гаши да реагира на отсуството на некои министри од седницата, нагласувајќи дека тоа се повторува неколку седници по ред на кои треба да се поставуваат прашања до членови на извршната власт.

Гаши ја поддржа ваквата реакција и упати порака до членовите на Владата да забележат во календарот дека секој последен четврток во месецот треба да дојдат во Собрание за да одговараат на прашања од пратениците.

Можете да прочитате

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

Излезноста до 9 часот е 2,88%