Утрински Весник
Македонија

Пратеничката група на Европски фронт испрати писмо до Советот на Европа, бара експертска проценка за истрагата на трагедијата во Кочани

Evropski Front.webp.webp

Пратеничката група на Европски фронт во Собранието испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на како што се наведува, селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Писмото е адресирано до:


г. Мајкл О’Флахерти, Комесар за човекови права;
г-ѓа Клер Бази, Претседателка на Венецијанската комисија;
г-ѓа Ливија Стоика Бехт, Извршна секретарка на ГРЕКО (Група на држави против корупција);
г. Теодорос Русопулос, Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за „скандалозно политички мотивирани истраги кои ги таргетираат само поранешни функционери, додека сегашни носители на функции – кои имале институционална надлежност речиси цела година пред трагедијата – се оставени надвор од секој процес“.

Писмото посочува и на директното трансакциско вмешување на премиерот во обвинителството и самата истрагата како и јавната парада и злоупотреба при приведување на поранешен министер.

Пратеничката група на Европски фронт бара Советот на Европа:

• Да испрати независна експертска мисија за проценка на независност на истрагата;
• Да иницира дебата во Парламентарното Собрание на Советот на Европа;
• Да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството;
• Да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.

Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и не смее да зависи од политичка припадност.

Селективната правда го поткопува владеењето на правото и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите, се наведува во писмото на ДУИ и коалиционите партнери.

Можете да прочитате

Историски најдобар оперативен план – Практикантство за 1.352 млади лица до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“