Утрински Весник
Свет

Прашав дали ме носат на стрелање: тинејџер ослободен при размена на затвореници

4c080672 373b 4331 95d2 Dc3ffc70a432.jpg

Кевин Лик (19), тинејџер со двојно германско и руско државјанство, беше уапсен минатата година и стана најмладата личност во современата руска историја осудена за предавство, пренесува Би-Би-Си. Заедно со американскиот новинар Еван Гершкович, тој е еден од 16-те лица кои Русија ги ослободи на 1 август во размена на затвореници со САД и други западни земји, пишува медиумот.

Кевин е роден во 2005 година во Монтабаур, мал град во западна Германија. Неговата мајка, Русинката Викторија се омажи за германски државјанин. Неговите родители се развеле, а тој и неговата мајка ја посетувале Русија на секои неколку години, и конечно се преселиле во Мајкоп, во Северен Кавказ, во 2017 година.

Руските претседателски избори во 2018 година го поттикнаа неговиот интерес за политика, пренесува Би-Би-Си.

Неговата мајка на крајот на учебната година решила да се вратат во Германија, а во тоа време Русија ја нападна Украина. За да ја напушти Русија, името на Кевин морало да биде отстрането од воениот регистар.

Неговата мајка била повикана во канцеларијата за регрутирање, каде што ја пречекала полицијата. Ја обвинија дека јавно пцуе и и одредиле десетдневен притвор. Кевин продолжил да оди на училиште, а кога еден ден се вратил во станот, неговите работи, раскажал, биле преместени.

Кога била ослободена мајка му решиле да се преселат во Германија. Откако стигнале во Сочи, Кевин забележал дека маж го снима, а потоа до нив застанал минибус. „Осум или девет офицери на ФСБ скокнаа надвор. Еден ме фати за рака. Друг дојде, ја покажа личната карта и рече: „Те гонат според член 275: предавство“.

Службениците на ФСБ пронашле скршен телескоп, стар роденденски подарок, во нивниот стан. Властите се посомневале дека тој го користел за фотографирање воени возила од неговиот прозорец. Тој призна дека ги направил фотографиите, но рече дека нема намера да ги пренесе на никого.
Адвокатот му препорача да го признае делото. „Тоа е шах, јасно беше дека нема правда“, изјави тој за Би-Би-Си.

Тој тогаш бил малолетник, па бил одведен во специјална установа, на два часа во Краснодар и сместен во самица. Неколку месеци подоцна, кога наполнил 18 години, бил префрлен во друг затвор во предградието на Краснодар.

„Ми ги врзаа рацете, ме тепаа, па дури и ми изгасија цигара. Толку силно ме удираа во градите што не можев да дишам. Десет месеци по неговото апсење, на крајот на декември 2023 година, тој беше прогласен за виновен за предавство и осуден на четири години во казнена колонија.

Додека тој излегуваше од затворската бања во јули, му пријде висок затворски службеник и му рече дека има 20 минути да „напише итна петиција“ за претседателско помилување, што и го направил.

Потоа неколку дена подоцна бил запрен од затворски службеник и му рекол да земе четка за заби, паста за заби и влечки. Мислата за размена била во задниот дел на умот на Кевин, и се чинела премногу добра за да биде вистина.

Тој бил префрлен во Москва, таму бил задржан до август, а потоа се качил во авион со други затвореници. Никој не му кажал дека оди на размена, а дури подоцна му станало јасно што се случува.

„Можеби ме носиш да бидам стрелан“, му рекол тој на гувернерот на колонијата. „Не грижи се, се ќе биде добро“, одговорилм тој.

Сега живее во Германија со мајка си, а желба му е да го заврши образованието. „Немам желба за одмазда, но имам многу силна желба да учествувам во активностите на опозицијата“, изјави тој за Би-Би-Си.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk