Утрински Весник
Магазин

Прада на големa врата ги враќа здолништата до колена и строгата елеганцијата

2216364.jpeg

Луксузната италијанска модна куќа Прада се осврна на минатото во својата најнова колекција женска облека на модната недела во Милано, претставувајќи колекција која игра со контрасти и женствени допири.

Дизајнерите Миуча Прада и Раф Симонс ја започнаа колекцијата наречена „Инстинктивна романса“ со целосно црн фустан со лелеави украси. Имаше и бомбер јакни, капути кои потсетуваа на силуети од 1950-тите, војнички капи како и тесни молив здолништа носени со тесни плетива.

Ова моќно дуо верува дека нема убавина без поглед наназад, а овој пат генерално избраа тесна силуета, па некои модели носеа кошули со копчиња напикани во здолништа до подот во нежни бледи бои.

Не недостигаше ниту романтика – фустаните без ракави дојдоа во крем или розова боја, со цветни украси.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста