Утрински Весник
Македонија

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Ana cupeska sdsm scaled 840x559 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за времена изборниот молк.

Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.

„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.

Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на вториот изборен круг од локалните избори, кога дел од раководството на партијата се соочуваше со внатрешни несогласувања и притисоци поради слабиот рејтинг и резултатите на терен.

Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари