Утрински Весник
Македонија

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

Denari Pari.jpg

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне задутре, на 1. октомври.

„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата“, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски.


Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ пензиите се зголемија и во март годинава.

Можете да прочитате

Министрите Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани