Утрински Весник
Спорт

Познати последните три патници во фудбалскиот Куп на Македонија

Kup Na Makedonija Pehar 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалските тимови на Воска и Гостивар ги продолжуваат настапите во Купот на Македонија, а билет за следната рунда обезбеди и тимот на Македонија ЃП  по подобрата пенал-завршница во пресметката со Беласица.

Воска со два гола во финишот го скрши отпорот на Башкими на гостувањето во Куманово и победи со 2-0.

Домаќините одолеваа се до 89. минута кога Донарт со удар со глава ги донесе гостите од Охрид во водство, а печат на победата на Воска стави Осеи со пенал во судиското продолжение.

Гостивар рутински ја оправда фаворитската улога против Победа, лесно славејќи со 3-1. Ивановски, Ашике и Ајдини донесоа предност од 3-0 за гостиварци, по што гостите од Прилеп успеаја само да го ублажат поразот.

Најинтересно беше на второлигашкиот дуел меѓу Беласица и Македонија ЃП, на кој гостите со пенал-рулет стигнаа до билет за следната фаза (2-2). Струмичани имаат за што да жалат бидејќи имаа водство од 2-1 до 79. минута.

Тогаш Велкоски од белата точка израмни на 2-2, а „лавовите“ беа максимално прецизни и во петте серии од пенал-рулетот, додека на спротивната страна како клучно се покажа промашувањето на Милушев во петтиот пенал за Беласица.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025