Утрински Весник
Свет

Познатата политичка династија се враќа на големата сцена во САД: Кенеди против Бајден

Познатата политичка династија се враќа на големата сцена во САД: Кенеди против Бајден

Демократот Роберт Ф. Кенеди Помладиот, активист против вакцините и потомок на една од најпознатите политички семејства во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Кенеди вчера поднесе изјава за кандидатура до Федералната изборна комисија предизвикувајќи го актуелниот претседател Џозеф Бајден за номинација на демократите, објави АП.

Кенеди (69), внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф., некогаш беше најпродаваниот автор на бестселер и застапник за заштита на животната средина.

Кенеди, сепак, стана еден од водечките гласови во движењето против вакцинацијата пред повеќе од 15 години тврдејќи дека вакцините се небезбедни.

Експертите за јавно здравје, па дури и членовите на неговото семејство, ја опишаа неговата работа како погрешна и опасна.

Можете да прочитате

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Трамп: Имаме основа за стабилен договор со Кина