Утрински Весник
Македонија

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор

Fb img 1751645521645.jpg

“Познавам многу луѓе што функционираат одлично заедно и не се во брак, едноставно не гледаат потреба од тоа да имаат хартија што им потврдува дека се заедно. Познавам многу луѓе што се во брак и не ни живеат заедно, напротив, живеат одделни животи и нивниот брак е практично непостоечки освен на хартија.

Во овој карневал каде речиси секој игра некаква улога, само уште тоа е потребно – да се стимулира наталитетот на сосема погрешен начин. И што ако воведете даноци за немажени и неженети, демек повеќе бракови ќе се склопуваат и повеќе деца ќе се раѓаат? А што потоа, зашто животот не е само статистика, а сосила убавина не бидува, пријатели.


Бракот се склопува со волја, кој сака нека повели, кој не, не мора. Исто така и за децата, децата се производ на заедничка одлука и тие не се само бројка, тие се живот на кој атмосферата во домот и тоа како влијае.

Доволно токсични и фиктивни бракови имаме, не ни требаат уште да никнат или пак да потраат тогаш кога треба да завршат со цел да избегнат данок, бизарно, зарем не, но натака ја терате работава.

Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор.

Не се мешајте таму каде што не треба, 2025 година, динг, донг.

И да, сето ова за да ги задржите луѓето овде, нели? Ве молам, кажете дека се шегувате…”, напиша писателката Ксенија Николова на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога