Утрински Весник
Магазин

Познат насловот на биографскиот филм за Мадона, таа самата го преправа сценариото

Madona2.jpg

Мадона објави на социјалните мрежи дека работи на пишување на сценариото за биографскиот филм кој сега е насловен Who’s That Girl. Филмот го доби името по нејзиниот истоимениот албум од 1987 година, пишува магазинот People.

Овој биографски филм се работеше веќе неколку години, но во јануари минатата година проектот беше ставен во мирување.

Во објавата на Инстаграм споделена во вторникот, пејачката позираше со машина за пишување и претходно отфрлено сценарио. Иако се нејасни, ажурираните страници на скриптата ги прикажуваат промените и корекциите на кои работи.

„Ми требаат многу пари за да го направам ова (Приказна за мојот живот)“, напиша таа во описот на објавата.

Во интервју за списанието Variety пред две години, Мадона рече: „Имав неверојатен живот, морам да снимам неверојатен филм“ и објасни зошто таа мора да биде сценарист и режисер на филмот. „Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна.

Минатиот месец британските медиуми објавија дека ѕвездата избрала актерка која ќе ја портретира. Станува збор за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија на Нетфликс, Озарк и серијата Inventing Anna. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако помина на исцрпувачка аудиција која траеше 11 часа. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд.

Можете да прочитате

Тело какво што секој би посакал: Наташа Беквалац покажа колку е згодна

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи 

Најчестите реченици во устата на манипулаторот