Утрински Весник
Македонија

Познат е идентитетот на Македонецот уапсен во Грција по 27 години бегство – Се барал за свирепо убиство

Untitled design 10 1024x576 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Циганот е осуден на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година. Уапсен е во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Против него беше распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција.

Боцевски кој сега треба да има околу 60 години најверојатно не може да се препознае од сликата објавена на страницата на МВР во делот на потргаги по бегалци од лицето на правдата. Според судските документи од Македонија, во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, по што, кога жртвата излегла од возилото, ја нападнал со оружје и ја усмртил. Жртвата била 37-годишен македонски државјанин.


За убиството, Боцесвки бил осуден во 1998 година, но избегал пред да започне издржувањето на казната. По неговото апсење во Катерини, тој ќе биде изведен пред обвинител во Солун, каде што ќе започне процедурата за негова екстрадиција назад во Македонија

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе