Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Виница е под целосна контрола, неколкумина пожарникари се здобиле со изгореници

Img 6127.jpeg
Dik 300x250 mk

Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница е под целосна контрола, неколкумина пожарникари се здобиле со изгореници, соопшти во текот на ноќта директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Како што информираше Ангелов, пожарникарите се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните на фабриката што бил зафатен од пожарот


Пожарот во фабриката позната по брендот „Винчини“ зафатил три линии означени како 6,7 и 8, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.

Заради спецификите на пожарот и заради тоа што фабриката е во урбана средина, била неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари и во гаснењето учествувале пожарникари од Територијалните противпожарни единици на Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

Првично од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли, позната под брендот „Винчини“, бил пријавен во 18:40 часот преку единствениот број за итни случаи – 112.

Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, по што на помош веднаш им дојдоа колеги од кочанската противпожарна единица и од Доброволното протипожарно друштво (ДПД) Кочани, а потоа стигна и дополнителната поддршка и помош од соседните општини.

Можете да прочитате

Aртилериска граната од Првата светска војна откриена во Битолско

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари