Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Вардариште под целосна контрола – наскоро нормализирање на снабдувањето со струја

1e3277b0 ce87 4253 a475 2dfaf38ddf4d.jpeg
Dik 300x250 mk

Пожарот кој попладнево избувна на дивата депонија во скопската населба Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Поради големиот пожар, повеќе населби во Скопје останаа без електрична енергија, откако беа исклучени дел од далеководите од безбедносни причини.


Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека електричната енергија наскоро постепено ќе биде вратена и снабдувањето ќе се нормализира дел по дел.

Екипите остануваат на терен за да ја следат состојбата и да спречат повторно активирање на огнот.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?