Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Стар Дојран – бил подметнат, на местото каде што гори пронајдени се канти со моторно масло

Image 212638.jpeg

Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема.

Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица.

Можете да прочитате

Скандал: Го згрижиле бебето на 16 дена, по седум месеци им го зеле и го дале на посвојување во друго семејство

Собранието изгласа двојно повисок праг за набавки без тендер

Тошковски најави дигитализација во МВР