Противпожарната бригада со повеќе од 50 пожарникари и хеликоптерската единица на МВР го ставија под контрола пожарот што рано утринава избувна во кинескиот трговски центар на улицата !„Јуриј Гагарин“ во Нов Белград. Според досегашните информации нема сознанија за повредени или загинати лица. Постои сомневање дека пожарот во кинескиот трговски центар сместен во Блок 70, избувнал од греалка !? Информацијата која ја пренсуваат српските медиуми не е потврдена, додека полицијата е на терен и го истражува случајот. Медиумите кај северниот сосед наведува дека меѓу Кинезите се слушаат приказни дека пожарот избувнал во една продавница, по што се проширил на уште три продавници. – -Има неисправни инсталации и поради нив пожарот лесно се шири – изјавил еден Кинез кој работел во продавниците. Драган Мирковиќ, командант на противпожарната служба, за РТС изјави дека за време на гаснењето пожарот беснеел, а пламенот излегувал од прозорците и го зафатил покривот. -Има многу луѓе и вработени, а има и многу лесно запалив материјал, што го поттикнува пожарот да се прошири. Хеликоптери го прелетале трговскиот центар 32 пати, околу 2.000 метри квадратни биле зафатени од пожар. Опасност за граѓаните нема – вели Мирковиќ за РТС. Министерство за внатрешни работи соопшти дека припадниците на Хеликоптерската единица со три хеликоптери во 37 надлетувања фрлиле вкупно 71 тон вода.