Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

628fc8a8 a969 43dd 8e8e 54710f92cdd7 1536x864 1.jpg
Dik 300x250 mk

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот под контрола.

Големиот пожар што избувна во Јажинце е ставен под контрола благодарение на навремената координација и брзата реакција на сите надлежни служби.


Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните.

Оваа успешна акција уште еднаш ја потврди важноста на брзата и ефикасна координација, како и меѓусебната соработка меѓу различните институции при справување со кризни ситуации.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре