Утрински Весник
Македонија

Пожарот над Пехчево се доближува до куќите

Pozhar Pehchevo 411282.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот.

Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него, сепак се потребни многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.

-Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот, апелира градоначалникот.

На терен веќе се наоѓаат екипи на Добдоволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“.

Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните за подготвеност за евакуација.

Можете да прочитате

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани

(Видео) Педијатар Атанасова: Здрава исхрана и витамини помагаат во борбата против последиците од загадувањето

Тетовци сакале да лажираат сообраќајка, полицијата им поднесе кривични пријави