Утрински Весник
Македонија

Пожарот над дебарското село Гари целосно локализиран

20240818140906 Big 730x400 24.webp.webp

Откако вчера попладне беше ставен под контрола, големиот пожар на планината Стогово, над дебарското село Гари, е целосно локализиран, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.

– Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори, рече Мифтароски.

Според него, опожарена е површина од над 75 хектари сува трева, ситно стеблеста, како и високо стеблеста шума.

Со пламените јазици четири дена се бореа дебарските пожарникари и вработените на дебарската подружница “Стогово” на ЈП „Национални шуми”.

Постоеше опасност пожарот да се прошири до селото Гари, а потоа и Осој, чии жители беа видно загрижени.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишник од Македонија, осомничен за обид за убиство на поранешен водач на навивачите на „Партизан”

Девојка хоспитализирана по напад во Охрид, уапсен нејзиниот 31-годишен партнер

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“