Утрински Весник
Македонија

Пожарот на планината Готен, од страната на Берово ставен под контрола

Goten planina tppe berovo e1753358927734.jpg

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово.

Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека во текот на денот пожарот ќе биде под контрола и нема да се дозволи негово проширување.


Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој неколку дена е на терен на планината Готен, каде што шумскиот пожар зафати огромна површина во општините Василево, Берово и Радовиш, вели дека во текот на вчерашниот ден пристината е помош во градежни машини од општините Штип, Кавадарци и Василево, со кои се пробиваат патишта, односно се прават пресеци низ шумата, за да се спречи брзото ширење на огнот.

– Од она што го гледам на терен што го работат екипите сум презадоволен. Денеска со нас се и преку 100 војници од Армијата, имаме помош и од Доброволните противпожарни друштва коишто се одзваа во добар број. Така што ако она што сме го зацртале во текот на синоќешните координации во Општина Василево и во Општина Радовиш, има огромни изгледи во текот на денешниот ден до завршувањето, овој пожар да го ставиме под некаков контролиран простор, истакна Михаилов.

Тој забележува дека ангажирани се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброоволци, припадници на Армијата, а има и осум возила пинцгауери и четири градежни машини.

Пожарот на планината Готен беснее веќе неколку дена зафаќајки голем шумски простор на територија на општините Василево, Берово и Радовиш.

Можете да прочитате

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода