
Куче било спасено синоќа од страна на пожарникарите, од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Член на здружение за заштита на животните ја известил Противпожарната служба која веднаш излегла на терен и успеала да го спаси кучето.
Кучето било пренесено во стационар каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно.

Градоначалникот Митко Јанчев изрази голема благодарност за храброста, вниманието и љубовта кон животните, нагласувајќи дека хуманите дела зборуваат најгласно.

