Утрински Весник
Македонија

Пожари во Трубарево и Лисиче: Гори компанијата „Нула отпад“

Whatsapp image 2025 09 13 at 14.05.15.jpeg

Пожар избувна попладнево го компанијата „Нула отпад“ во Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во фирмата „Нула отпад“, но не соопшти дополнителни детали


– Има голем пожар во Трубарево, со кој се зафатени отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Како што рече, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112 и дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се веќе на терен, каде гори фабрика за пластични работи.

Можете да прочитате

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите 

Одбележување на 30 години дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави