Утрински Весник
Македонија

Пожари и во Старо Нагоричане

20250709163221 big 730x400 41.webp.webp
Dik 300x250 mk

Пожари има на повеќе локации и во општина Старо Нагоричане. Горат неожнеани ниви, стрништа, но и објекти, соопшти денеска заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

– Пожар имаме во маало Трендајловци, село Младо Нагоричане, во близина на „Етносело“. Огнената стихија брзо се шири, бараме поддршка од сите соседни општини Куманово и Ранковце ама и таму има пожари. Има зафатено куќи, викендички, неожнеани ниви, стрништа, огромна површина, изјави Цветановски.


Екипите се на терен, но станува збор за рурална општина чија противпожарна единица има само две возила.

– На помош се и мештаните кои со трактори помагаат, дојдоа и луѓе од Куманово. Огромна површина, додава Цветановски

Можете да прочитате

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“