Утрински Весник
Македонија

Пожар во зграда во Штип, две лица завршија во болница

Pozar.webp.webp

 На 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај” во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдишување на чад,  неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип. 

Можете да прочитате

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат 

ИЗЛОЖБА „ЖЕНИТЕ ОД СВЕТОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА -ЖЕНАТА СИМБОЛ И ИНСПИРАЦИЈА“ 

Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со киднапирањето