Утрински Весник
Македонија

Пожар во стан во Аеродром, интервенирала противпожарната бригада

Pozarna Pozarnikari.jpg

Рано утрово, околу 02:10 часот, во СВР Скопје беше пријавен пожар во стан на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Скопје. Станот е во сопственост на лицето В.С.К.

Екипите на Бригадата за противпожарна заштита брзо интервенирале и го изгаснале пожарот, а од МВР информираат дека нема пријавено повредени лица.

На местото на настанот излезе увидна екипа на СВР Скопје, која ја утврдува причината за пожарот.

Можете да прочитате

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон

Левица: Владата застана зад САД и Израел – народот ја плаќа цената на пумпите