Утрински Весник
Свет

Пожар во ресторан во Кина, загинаа 22 лица

Screenshot 2025 04 30 081630.jpg

Кина вчера загинаа 22 лица, објави официјалната новинска агенција Синхуа, без да ја наведе причината за пожарот. Ова е најновиот во низата слични смртоносни инциденти низ целата земја во последниве години, објави Ројтерс.

Синхуа“ објави дека претседателот Кси Џинпинг го нарече ова длабоко отрезнувачка лекција и ги повика лекарите да им помогнат на повредените, а локалните власти да утврдат што го предизвикало пожарот и да ги пронајдат одговорните. Пожарот избувнал во ресторан во станбена област во градот Лиаојанг во покраината Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV. Три лица беа повредени.


Снимките што кружат на социјалните медиуми, вклучувајќи ги X и кинеската платформа Douyin, а кои се потврдени од Ројтерс, покажуваат светло портокалови пламени како зафаќаат продавница на ниво на улица, покрај десетици паркирани возила. Можеше да се види како се издига чад додека болничарите им помагаа на луѓето на носилки.

Хао Пенг, секретар на партискиот комитет на покраината Љаонинг, изјави дека на местото на настанот се распоредени 22 противпожарни возила и 85 пожарникари. Хао рече дека спасувачката работа на местото на настанот е завршена и дека луѓето се евакуирани.

Можете да прочитате

Американскиот сенатор Греам: Го молам Ватикан да размисли Трамп да биде папа

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Напаѓачот е во бегство, полицијата оди од врата на врата

Три лица убиени во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала