Утрински Весник
Македонија

Пожар во поранешен стопански објект во Охрид, по чистење го запалиле отпадот

Pozarna Pozarnikari.jpg

На 14.11.2025 во 14:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во кругот на поранешен стопански објект во Охрид на улица „7 Ноември” во Охрид.

Од преземените мерки констатирано е дека Б.С.(55) од Радовиш и Д.Т.(70) од Охрид, по чистење на поранешните деловни простории, надвор изнеле хартија, дрвени и други предмети, по што ги запалиле.


Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а по целосно документирање на настанот против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Семејна драма во Скопје: Татко се заканувал со остар предмет на својот син

Во петок ќе се знае името на добитникот на наградата „Роман на годината“

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа утрово во Ново Лисиче