Утрински Весник
Македонија

Пожар во Липково – 24info.mk

Pozar 3.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во попладневните часови, на територијата на селото Слупчане (Општина Липково), избувна пожар што зафати сува трева и нискостеблеста шума, информира Центарот за управување за кризи

Интервенцијата започна во 15:30 часот, со ангажман на две противпожарни возила и шест пожарникари од ТППЕ.


Од 16:00 часот, во гаснењето на пожарот се вклучија и два тима на ЈП „Национални шуми“ – Подружница Куманово, со едно противпожарно возило, едно теренско возило и осум вработени.

Екипите сè уште се на терен и активно работат на локализација и целосно гаснење на пожарот.

Ситуацијата се следи внимателно и сме во постојана координација со сите надлежни институции. Доколку има потреба, ќе биде ангажирана и воздушна поддршка или дополнителна помош. .

Можете да прочитате

Младо момче тешко повредено откако со автомобил излетал од патот

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството