Утрински Весник
Македонија

Пожар во куќа во Велес, едно лице го загуби животот

Пожар во куќа во Велес, едно лице го загуби животот

Куќа се запалила во Велес, на улицата „Васа Кошулчева“. Несреќата се случила утринава во пет часот. При интервенцијата од страна на пожарникарите, бил пронајден изгорен човек.

dobivaj vesti na viber

Смртта на лицето била потврдена од доктори од Брза помош. Собата во која бил пронајден била целосно пеплосана.

Засега не се знае идентитетот на лицето.

Можете да прочитате

Скопјанка физички нападната од нејзин колега

Павле Трајанов: Во сложени состојби, потребно е единство

Седум лица приведени во ноќна акција на МВР