Утрински Весник
Македонија

 Пожар во близина на охридскиот аеродром

Pozari Cuk 1024x577 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пожар избил вчера во близина на аеродром во Охрид како последица на неизгаснат отпушок од цигара.

СВР Охрид соопшти дека на 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид.

-Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р, а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Охрид

Можете да прочитате

Миноски: Македонија заробена во економија на страв, уцени и корупција

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот