Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Пожар во атарот на селата Руѓинце и Белановце во Старо Нагоричане

Пожар во атарот на селата Руѓинце и Белановце во Старо Нагоричане
Img 7972

Пожар избувна денеска околу 15:30 часот во атарот на селата Руѓинце и Белановце во општина Старо Нагоричане, информираат од ЦУК.

dobivaj vesti na viber

Додаваат дека пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот и дека засега селото Руѓинце е безбедно.

„И покрај напорите на пожарникарите, огнот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови, дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Белјановце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село“, велат од ЦУК.

Појаснуваат дека во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на пожарот.

Можете да прочитате

Антициклон над источна и североисточна Европа е виновникот за ладното време кај нас

Филипче: Политиката не смее да биде сцена за пропаганда

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите