Утрински Весник
Свет

Повторно железничка несреќа во регионот: Четири вагона излегоа од шини кај Црвенка

Повторно железничка несреќа во регионот: Четири вагона излегоа од шини кај Црвенка

Четири товарни вагони со меласа денеска излегоа од шините кај Црвенка во Србија. Во несреќата нема повредени, се вели во соопштението на Железничката инфраструктура на Србија.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува понатаму, во возот немало вагони со опасни материи и нема опасност по луѓето и околината. Лизгањето се случило во 10 часот и 45 минути, на делницата Црвенка – Шивац, на линијата Врбас – Сомбор.

– Во товарниот воз имало осумнаесет вагони, од кои четири се лизнале (од третиот до шестиот вагони од локомотивата). Железничкиот сообраќај на оваа пруга е во прекин. На оваа пруга нема патнички железнички сообраќај и сообраќаат само товарни возови. На местото на излетувањето е испратен помошен воз на „Железничка инфраструктура на Србија“ за да се расчистат последиците од вонредните настани, за што побрзо пругата да биде подготвена за возови. Железничката комисија ќе ги утврдува причините за овој излетување – заклучува.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години