Египет ангажираше три реморкери за влечење на танкер со нафта чиј мотор се расипа во Суецкиот канал, објавија властите на каналот. Шефот на каналот, Осама Раби, рече дека сообраќајот кон север ќе биде обновен како и претходно, откако влечните пловила ќе го поместат танкерот.
Танкерот за сурова нафта „Сивигур“ е брод што плови под знамето на Малта, а изграден во 2016 година, според податоците за транспорт на Рефинитив Еикон. Бродот пловел од Русија во Кина, додаде управата на каналот.
Има чести прекини во сообраќајот низ Суецкиот канал поради технички неисправности, но запирањата најчесто се краткотрајни. Пред неполни две недели, реморкери успеаја да преместат носач на контејнери со стока, кој неколку часа беше заглавен во каналот.