Утрински Весник
Спорт

Повторно е уапсен Мејсон ГринвудПовторно е уапсен Мејсон Гринвуд

Повторно е уапсен Мејсон ГринвудПовторно е уапсен Мејсон Гринвуд

Мејсон Гринвуд е уапсен под сомнение дека ги прекршил условите за кауција што му овозможиле да живее на слобода по тешките обвинувања за сексуално и физичко малтретирање, како и смртни закани, поради што помина неколку дена во затвор, од каде беше ослободен на почетокот на февруари.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, фудбалерот на Манчестер јунајтед еден од најголемите таленти на клубот и воопшто на англискиот фудбал, беше суспендиран во февруари годинава. Неговата тогашна девојка Хариет Робсон објави слики на Инстаграм на кои се гледаат хематоми и модринк,, а објави и видео на кое се слуша како Гринвуд се обидува да ја принуди на секс против нејзина волја.

Како што пишуваат англиските медиуми, тој неодамна стапил во контакт со својата жртва и со тоа ги прекршил условите под кои излегол од затвор.

Гринвуд го одигра својот последен натпревар за Јунајтед во јануари оваа година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина