Утрински Весник
Балкан

Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на „Евзони“

Evzoni.jpg

Повторно е блокиран сообраќајот за сите видови возила на граничниот премин ,,Евзони” за влез и излез од Грција. Како резултат на протест на земјоделци, преминот е блокиран од 17:50 часот, информираат од АМСМ.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Србија до сега евакуирала 1800 свои граѓани од Блискиот Исток

Вучиќ: Не сме ничии марионети

Србија забрани извоз на нафта и нафтени деривати