Утрински Весник
Спорт

Повреди го десеткуваа Милан, Калабрија ќе паузира до крајот на годината

Повреди го десеткуваа Милан, Калабрија ќе паузира до крајот на годината

Лоши вести за шефот на Милан, Стефано Пиоли дојдоа денеска откако медицинските тестови открија сериозни проблеми за Давиде Калабрија, Симон Кјаер и за Алексис Салемакерс, кои се повредија во саботната победа над Емполи.

dobivaj vesti na viber

Капитенот Давиде Калабрија ја има најтешката повреда и снимките открија проблеми со тетивата на десната нога, што значи дека нема да може да се врати на терените до крајот на оваа година.

Ситуацијата со Белгиецот Салемакерс исто така не е розова и се очекува тој да биде надвор од терените меѓу шест и осум седмици поради проблеми со левото колено. Најоптимистички е здравствениот билтен околу Симон Кјаер, кој се очекува да биде на линија за околу 15 дена.

Тројцата играчи ќе се приклучат на речиси полната амбуланта на „росонерите“, каде веќе има шест играчи. Тоа доаѓа во време кога Милан влегува во исклучително напорен период од сезоната и ќе треба да одигра два натпревари против Челси во период од една недела, а меѓу нив и дербито против Јувентус во Серија А.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ