Утрински Весник
Македонија

Повреденото 16-месечно дете има хематом на главата и скршеници на градите, од Св. Еразмо пренесено е на Детска хирургија во Скопје

А1 Македонија донира безбеден безжичен интернет за дечињата на Клиника за детска хирургија

16- месечното дете кое со тешки телесни повреди вчера било донесено во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, има хематом на главата, скршеници на градите и други повреди по телото. Директорот „Св.Еразмо“, Ацо Велески, за „Макфакс“ вели дека детето е испратено на Детска хирургија во Скопје откако кај  нив му била укажана помош и било дијагностицирано.

dobivaj vesti na viber

„Од она што утрово ми го реферираа колегите кои вчера го примиле 16-месечното дете, тоа имало фрактури на градите, хематом на главата и други повреди по телото. Му била укажана помош, било дијагностицирано и испратено на Детска хирургија во Скопје. Во нашата болница било донесено со Итна помош од Струга, а со истото возило било испратено и за Скопје“, рече  директорот Велески кој нагласи дека кај нив нема податоци како е повредено детето.

Славица Литајковска, директорка на клиниката за детска хирургија за „Макфакс“ изјави дека 16-месечното дете е во стабилна состојба, но го чека операција.

„Детето е на интензивна нега на нашата клиника, во стабилна состојба. Има скршеница на левата надлактица и ставено е на програм за операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба со контролни рендгени . Хематомот на главата не е единствен, при прегледите утврдивме  и стари хематоми“, рече директорката Литајковска.

На Клиниката за хирургија вчера биле мајката и таткото на детето, а денес за состојбата добиле известување телефонски.

Од СВР Охрид за „Макфакс“ велат дека засега можат само да потврдат дека се известени за повреденото дете.

„Сè уште се прибираат информации за случајот. Можеме само да потврдиме дека има повредено 16-месечно дете за кое вчера во 11 часот било пријавено дека е донесено во болницата Св. Еразмо“, кусо изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.

За овој случај освен полицијата, алармирани се и социјалните служби оти не е исклучена можноста за семејно насилство.

Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса