Утрински Весник
Македонија

Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

20240527100922 Big 730x400 67.webp.webp

Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.

Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител. 

Поради сообраќајната несреќа која се случила утрово во 7.40 часот на експресниот пат Штип-Кочани, сообраќајот беше во прекин, информираа од АМСМ.

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро