Утрински Весник
Спорт

Повредата на Таварез не е сериозна

Повредата на Таварез не е сериозна

Кошаркарот на Реал Мадрид, Еди Таварес не е сериозно повреден, но неизвесно е дали ќе игра в четврток на вториот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Евролигата против Партизан, пренесува „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Репрезентативецот на Зеленортските Острови го повреди левото колено во финишот на првото полувреме од првиот дуел со црно-белите и не играше во преостанатиот дел од натпреварот.

Тренерот на „кралскиот клуб“, Чус Матео по натпреварот изјави дека Тавареш има болки и дека деталните прегледи ќе го покажат степенот на повредата.

За среќа на Реал Мадрид, снимката покажа дека повредата на 221 сантиметар високиот кошаркар не е серизна и дека може да биде достапен в четврток, но прашање е дали тренерот ќе биде подготвен на ризик.

Вториот меч од серијата, утре ќе започне во 20:45 часот. Партизан води со 1:0, се игра до три победи.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина