Утрински Весник
Спорт

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо

20241124212608 Big 730x400 96.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бекот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ покажа одлична игра во поразот од Литванија со 94-72 во Арената „Швитурио“ во Клаипеда.

Тој постигна 43 поени на гостувањето против Литванија за 34 минути игра и се повреди, а последните шест се покажаа како пресудни за домаќинот да стигне до убедлив триумф.

-Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеа како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо, изјави Димитријевиќ по натпреварот

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk