Утрински Весник
Македонија

Повозрасен маж пријавил во полиција дека бил нападнат од неговата партнерка

Polici a.jpg

Маж пријавил дека го нападнала партнерката, но и жена пријавила дека ја нападнал и и се заканувал нејзиниот поранешен партнер.

Мажот го пријавил случајот во СВР Скопје, а бил нападнат во Карпош.

-На 05.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на 03.03.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички бил нападнат од неговата вонбрачна партнерка В.Г.(47) од Скопје, соопшти министерството за внатрешни работи.

Жената пак била нападната во Карпош.

-На 05.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека на 03.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот поранешен партнер С.Т.(26) физички ја нападнал и ѝ упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можете да прочитате

Во Командата за обука и доктрини свечена заклетва дадоа нови 296 професионални војници 

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари