Утрински Весник
Економија

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Ministerstvo za finansii.jpg

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари идната година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ).

-Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година, соопшти МФ.

Согласно постоечкиот Закон, се вели во соопштението, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година.

Можете да прочитате

Дали утре нѐ чека ново поскапување на горивата?

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни

СДСМ: Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата