Утрински Весник
Свет

Поведено обвинение против 12-годишното момче, кое уби социјален работник во Британија

Поведено обвинение против 12-годишното момче, кое уби социјален работник во Британија

Дванаесетгодишно момче чека судење за убиството на социјалната работничка од Шефилд, Марсија Грант. Полицијата и Обвинителството, поради возраста, не сакаа да го откријат неговиот идентитет, но тој ќе биде најмладиот осуденик што се појавил пред британски суд во последните 30 години.

dobivaj vesti na viber

12-годишното момче е обвинето за убиство на социјалната работничка Марсија Грант од Шефилд, која ја прегазил со нејзиниот автомобил. Така, тој станува едно од најмладите деца на кои им се суди за убиство во Британија во последните 30 години, а пресудата се очекува меѓу август и октомври.

Тој денеска се појави на Шефилд краун корт. Во текот на 20-минутното рочиште тој зборуваше само за да потврди дека разбира што му кажува судијата и не се изјасни. Тој е обвинет и за поседување нож. На момчето му е одреден притвор и му е наредено да се врати во судот на натамошно рочиште на 5 мај.

Вообичаено, на оние помлади од 18 години им се суди пред судот за малолетници, но за тешки дела, како што е убиство, малолетничките случаи се префрлаат на суд за возрасни. Момчето се појавило зад непробојно стакло опкружено со четворица обезбедувачи.

Можете да прочитате

Профитот на Тојота намален за 37 проценти

Полицијата во Британија со невидлив спреј ќе ги обележува хулиганите на стадионите

Холандската полиција заплени над 90 килограми наркотици испратени по пошта