Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка за штетен договор за поставување светлечки билборди

Поведена постапка за штетен договор за поставување светлечки билборди

Отпочната е постапка за билбордите и светлечките реклами низ градот, не само пред Град Скопје туку и пред судските инстанци и Комисијата за заштита на конкурентноста бидејќи се утврдени прекршувања, објасни на денешната Седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на советничко прашање.

dobivaj vesti na viber

– Што се однесува до Град Скопје соодветно ќе бидат покренати и постапки и тужби, најавено е раскинување со кое што сакаме да ја превенираме и штетноста која е предизвикана и се предизвикува од овој договор и соодветно низ институциите планираме да ја решиме, меѓутоа планираме и да го обештетиме градот, односо оние средства за кои Градот и Буџетот се оштетени од овој договор, да се вратат, рече Арсовска одговарајќи на советничко прашање.

Во изминатите три месеци имавме екипи на терен и ги детектираа билбордите, што се однесува до делот за преносот тоа моментално се утврдува и доколку има простор ќе има соодветна постапка, објасни Арсовска.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Бујар Османи е симбол на дваесетгодишната корупција

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија