Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишното лице од Арачиново поради производство и продажба на дрога.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот во повеќе наврати на разни локации во Скопје и на разни лица сведоци им продавал наркотична дрога кокаин во пакувања од 0,28 грама за сума од 2.000 до 2.400 денари за пакување.

Со оглед на тоа што се работи за лице и претходно осудувано за исто кривично дело, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

„Никогаш нема да ги заборавам“ – Гитаристот на ДНК со благодарност до персоналот од солунската болница

Вечерва 19 часот специјално отворено студио на 4TV од Кочани

Една година од пожарот во „Пулс“ поставени 63 столчиња