Утрински Весник
Свет

Повеќето жители на Хавана повторно имаат струја по два дена прекин

20250317092223 Big 730x400 52.webp.webp

Компанијата што ја снабдува Хавана со електрична енергија соопшти дека повеќето жители на кубанската престолнина повторно добиле струја по речиси два дена прекин.

Според податоците на електродистрибутивната компанија во Хавана, околу две третини од корисниците веќе имаат пристап до електрична енергија, а се очекува бројот да се зголеми во текот на ноќта. Струјата е повторно воспоставена и во најзападната кубанска провинција Пинар дел Рио.


Во функција се ставени и двете најголеми нафтени електрани на Куба – Фелтон и Антонио Гитерас, што претставува значаен чекор кон нормализирање на снабдувањето со електрична енергија низ целата земја.

Речиси 48 часа, Хавана, густо населен град и голем туристички центар, беше без електрична енергија, што ја парализираше трговијата и угостителските објекти, а улиците останаа во целосен мрак во вечерните и ноќните часови.

Проблемот беше предизвикан од дефект на трафостаница во петокот навечер, поради што околу 10 милиони жители низ Куба останаа без струја.

Кубанската влада за кризата го обвини 60-годишното американско трговско ембарго, кое, според властите, го отежнува снабдувањето со нафта од странство.

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток